Што да очекувате од Судски совет чии членови не можат да се „соберат“ и да формираат кворум ни за назначување нов претседател, не па за нешто помалку сериозно? Ова е логичното прашање кое си го поставија граѓаните по вчерашната папазјанија во советот на судии кои по театралната оставка на довчерашната претседателка Весна Дамева (која,  требаше да заврши со мандатот „дури“ утре), не се собраа да обезбедат кворум за избор на нов претседател на институцијата која раководи со судството со два насто доверба кај граѓаните.

„И два насто доверба ви се премногу“ е само еден од коментарите на ФБ кој одлично ја отсликува соостојбата, имиџот и довербата на граѓаните кон Судскиот совет и македонското судство чији перјаници треба да бидат токму дотичните членови и чие распуштање како идеја и немера на премиерот Мицкоски наиде на инстант огромна поддршка во општеството.

Судскиот совет вчера попладне не избра нов претседател, затоа што имаше отсутни членови на итната седница што ја закажа претседателката Весна Дамева, откако претходно поднесе неотповиклива оставка.

Отсутни од итната седница беа судијката Лорета Георгиева опоради боледување и судијата Александар Камбовски поради годишен одмор.

По нејзината неотповиклива оставка Дамева свика итна седница на која првата точка од дневниот ред беше да се констатира дека таа повеќе не е претседател на Судскиот совет, а втората точка требаше да биде избор на нов.

Членот на Советот, судијата Исамедин Лимани предложи таа точка да биде одложена.

Советот не е во полн состав на советот, двајца се отсутни од седницата. Исто така, ние сме во фаза на избор на двајца нови членови на Советот, еден член од судиите од општата листа од апелациското подрачје Штип и еден член од посебата листа, а изборите ќе се одржат на 11 декември. Затоа предлагам изборот на нов претседател на Судскиот совет да биде подоцна – рече судијата Лимани.

Со ваквата аргументација се согласија и другите членови и едногласно, со 11 гласа „за“ донесоа одлука изборот на нов претседател да биде одржав на некоја од наредните седници.