Кумановец, осомничен дека е сторител за случајот со опожарените возила и објект во Куманово е уапсен.
Од МВР информираат дека лицето било уапсено на подрачјето на Бит Пазар синоќа околу 01:10 часот.
-По претходно добиени оперативни информации и координација на СВР Куманово со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(35) од Куманово. Тој се сомничи дека на 02.12.2024 во Куманово опожарил три патнички моторни возила и еден деловен објект, информира МВР.
Ф.А. бил приведен и задржан во Полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.