Русија ќе го затвори полскиот конзулат во Санкт Петербург, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
Тројца од дипломатскиот персонал кои работат таму се прогласени за непожелни лица и мора да ја напуштат земјата до 10 јануари, се наведува.
„Полска води антируска политика“
Овој чекор е одговор на затворањето на рускиот конзулат во Познан, што го направи полското Министерство за надворешни работи на крајот на ноември.
„Полските власти во последните години водеа отворена антируска политика и речиси целосно ја уништија архитектурата на руско-полските односи што се градеше со децении“, се вели во соопштението за печатот на руското Министерство за надворешни работи.
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски го оправда затворањето на рускиот конзулат во Познањ со тоа што има информации дека Русија стои зад обидите за саботажа во Полска и сојузничките земји.
Полска, членка на ЕУ и НАТО, е еден од најпосветените политички и воени поддржувачи на Украина, па затоа Кремљ ја смета за непријател.
Сикорски рече дека овој чекор на Русија не е изненадувачки и дека Полска кон него се однесува со „достоинствена рамнодушност“.