Земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на Вануату. Направена е голема материјална штета, вклучително и на објект во главниот град Порт Вила, во кој се наоѓа американската Амбасада, заедно со оние на Британија, Франција и Нов Зеланд. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат искривени прозорци и оштетени бетонски столбови.

Очевидци укажуваат и за жртви во Порт Вила.

Од земјотресот урнати се мостови, предизвикани се свлечишта и оштетени објекти.

Епицентарот бил на длабочина од 10 километри во близина на главниот град Вануату, мала островска држава во јужниот дел на Тихиот Океан.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат искривени прозорци и оштетени бетонски столбови.