На прашањето на Топ Тема кој е сега под лупа на МВР како „јатак“, односно можен дојавувач на Артан Груби, министерот Тошковски рече дека за жал не може да сподели со јавноста и потврди дека има истрага за тоа.

Сметате ли дека има некои недостатоци во кривичната пријава?

Сметам дека оваа кривична пријава, јавниот обвинител во рамки на неговата надлежност и тоа како има простор да ја надополни во рамки на соодветната истражна постапка, и тоа како има можност да се обезбедат дополнителни докази, дел се обезбедени, дел ќе се обезбедат, се надевам, и се надевам дека во рамки на своја надлежност ќе утврди дејствија кои што на крајот ќе овозможат не само оној којшто сторил кривично дело да одговара, туку и да се вратат парите кај граѓаните. Во оваа постапка при претресите најдени се поголеми суми на парични средства кај дел од обвинетите“, рече Тошковски.