Македонската машка ракометна репрезентација утре го стартува настапот на Светското првенство кое се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка, а започнува денеска.

Македонија е во групата Д која натпреварите ќе ги одигра во Вараждин, Хрватска, заедно со Унгарија, Холандија, Гвинеја.

Избраниците на Кире Лазаров и овој пат ќе имаат поддршка од трибините. Според последните податоците од организаторот, потврдени се најмалку 1.000 македонски навивачи кои ќе бидат на трибините во „Вараждин арена“.

Црвено-жолтата боја во голем дел ќе ја обои спортската сала во Вараждин, а „Фалангата“ е веќе подготвена за жестоко навивање и максимална поддршка за ракометарите.

Македонија првенството го отвора утре со натпревар против Унгарија закажан во 20:30 часот.

Ова е трето големо натпреварување за Македонија на хрватско тло. По СП 2009 и ЕП 2018 година.

На шампионатот што ќе трае до 2 февруари ќе учествуваат 32 репрезентации поделени во осум групи.

Вечерва почнува 29. Светско првенство во ракомет

Со натпреварот Италија – Тунис, вечер од 17:30 часот во Пореч, Хрватска ќе почне 29-от ракометен Мундијал.

Покрај Хрватска, ко-домаќини на Светското првенство ќе бидат и Данска и Норвешка.

На шампионатот што ќе трае до 2 февруари ќе учествуваат 32 репрезентации поделени во осум групи. Помеѓу нив е и македонската репрезентација.

Состав на групите:

Група А (се игра во Хернинг, Данска): Германија, Полска, Чешка, Швајцарија.

Група Б (се игра во Хернинг): Данска, Италија, Тунис, Алжир.

Група Ц (се игра во Пореч): Австрија, Франција, Кувајт, Катар.

Група Д (Вараждин, Хрватска): Унгарија, Македонија, Холандија, Гвинеја.

Група Е (Осло, Норвешка): Португалија, САД, Норвешка, Бразил.

Група Ф (Осло): Шпанија, Чиле, Шведска, Јапонија.

Група Г (Загреб, Хрватска): Словенија, Куба, Исланд, Зеленортски Острови.

Група Х (Загреб): Египет, Аргентина, Хрватска, Бахреин.

Првите три најдобропласирани од секоја група ќе се пласираат во главната рунда.

Најголеми фаворити за медалите се олимписките и трикратните последователни светски шампиони Данците. Нивни конкуренти ќе им бидат европските шампиони Французите, олимписките вицешампиони Германците, како и Швеѓаните, Хрватите, Норвежаните, Шпанците.
Титулата ја брани Данска која атакува на четвртиот наслов во низа.

Распоред на денешните натпревари:
17:30 часот Италија – Тунис
18 часот Франција – Катар
20:30 часот Австрија – Кувајт
20:30 часот Данска – Алжир. зс/

Фото: Фејсбук ИХФ