Џејмс Кларксон (20) е првиот добитник на британската лотарија оваа година, кој освои џекпот од 7,5 милиони фунти или околу 8,8 милиони евра.
Во моментот на извлекувањето на добитните броеви, Џејмс бил кај својата девојка, која не му поверувала кога ѝ рекол дека го освоил џекпотот.
„Мојата девојка ме погледна сонливо и ми рече „не, ти не победи“ и се преврте и заспа“, рече тој. Кога се вратил дома и неговото семејство се јавило на линијата Национална лотарија, не можеле да го преболат шокот. „Мислам дека во тој момент почнав да се смеам. Помислив: „Колку е ова лудо!“, рекол тој.
Среќниот добитник ја прослави победата со семејството и пријателите со шампањ, но ден по победата направи нешто што многумина не би го направиле на негово место – се вратил на работа.
“Денот откако дознав дека сум го освоил џекпотот, излегов и се обидував да ги поправам блокираните одводи. Беше малку темно, но тоа е реалноста. Нема да престанам да работам, премногу сум млад”, откри Џејмс, кој сака да стане машински инженер.
„Треба да имам цел во животот. Освен тоа, татко ми и онака не ми дозволуваше да престанам да работам. Тој вели дека има многу милионери кои сè уште работат и ти треба причина да стануваш секој ден“, рече тој.
Инаку, Џејмс, меѓу другото, резервирал луксузен одмор во Зеленортските Острови и купил дизајнерски предмети, а планира да им ја исплати и хипотеката на родителите и да си купи „ауди“. Тој е голем фан на Манчестер Сити, па ќе се почасти со сезонски билет.