Победникот на американските претседателски избори, Доналд Трамп, им кажал на своите советници дека сака да отпатува во Кина по преземањето на функцијата, се вели во извештајот на Волстрит џурнал.

Трамп изрази интерес за патување во Кина во првите 100 дена од неговиот мандат, пишува изданието, цитирајќи извор запознаен со овие дискусии.

Трамп ја презема функцијата утре, а кинеските државни новински агенции во петокот објавија дека кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на церемонијата бидејќи Пекинг е подготвен да ја засили соработката.

Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг, преку нивните претставници, разговараа за можноста за лична средба, а една опција вклучува идниот американски претседател да го покани кинескиот лидер во САД, додава Волстрит џурнал.

фото: МИА архива