Иванка Трамп (43) присуствуваше на вечерта во Националниот музеј за градежништво во Вашингтон, одржана ден пред инаугурацијата на својот татко, Доналд Трамп.
View this post on Instagram
Иванка била на вечера со Илон Маск и Џеф Безос. „Дејли мејл“ пишува дека во еден момент ја прегрнала свршеницата на Безос, Лорен Санчез. Иванка за оваа пригода носеше долг фустан од Оскар дела Рента, украсен со многубројни кристали и бисери во облик на цвеќе.
На вечерата бил и братот на Иванка, Доналд Трамп Помладиот, кој дошол со својата девојка Бетина Андерсон. Присутна беше и неговата поранешна свршеница Кимберли Гилфојл. Вечерата не ја пропушти ниту новоизбраниот потпретседател Џеј ди Венс, кој беше придружуван од сопругата.