Ученик во шесто одделение е повреден откако паднал преку прозорец од третиот кат на училиштето „Гоце Делчев“ во Прилеп, објави прилепскиот портал Маркукуле.

Ученикот веднаш бил префлен во прилепската болница, а од таму итно бил испратен и хоспитализиран во Клиниката за детска хирургија во Скопје.

Состојбата на детето е стабилна и детето е надвор од животна опасност, рекол за Канал 5 телевизија директорот на детска хирургија Лазар Јовчевски.

Детето има повреда на прешлените и скршеници на петиците на нозете. Неофицијално, несреќата се случила во втората смена на големиот одмор кога сите ученици биле излезени во дворот.

Ученик вчера попладне паднал од трети кат и се здобил со тешки повреди. По укажаната прва помош, префрлен е на Детската хирургија во Скопје.

Според началникот на Итната медицинска помош од Прилеп, Боше Милошески, биле повикани вчера во 14:40 часот, а 11-годишниот ученик бил во полусвесна состојба.

– Веднаш беше прфрлено на Одделот за анестезија во Прилепската болница. Од првичните прегледи се констатира дека има фрактури на едното стапало и сомнеж за скршеници на градните пршлени. Веднаш беше префрлено на лекување на Детската хирургија во Скопје, изјави Милошевски.

Директорот на Детската хирургија Лазо Јовчески за МИА информира дека детето е во стабилна состојба, вон животна опасност.

Увид на местото на настанот направила полицијата околу 15 часот и се работи на расчитување на случајот.

Од училишето најавија дека ќе се обратат преку сопштение.