Епидемија на грип е прогласена во вкупно пет области во Бугарија, објавија денеска локалните медиуми.
Епидемија е прогласена во Хасково, Видин, Јамбол, Пловдив и Благоевград.
Во Хасково и Видин мерките се веќе на сила, а во Јамбол од денеска децата се префрлаат на онлајн настава.
Од денеска во Пловдив и Благоевград се забранети посети во болниците. Во градинките и училиштата нема да се примаат болни деца.
Во изминатите четири дена бројот на заболени од грип во Пловдив е зголемен за 35 отсто.
Во Благоевград се воведува обврска медицинскиот персонал да носи медицински маски во медицинските установи.
Од утре, шеста област ќе прогласи епидемија на грип – во Варна се воведуваат посебни мерки за спречување на ширењето на грипот, јавија бугарските медиуми.
Фото: МИА архива