Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје претпладне во делови од котлината со појава на магла, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 15 степени.
И во сабота ќе се задржи стабилно и релативно топло време, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Во недела кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник претпладне се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од повремен слаб снег. Услови за повремени локални врнежи претежно од снег ќе има и во вторник. Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температирите ќе бидат во опаѓање.
Утрово е најстудено во Берово, Маврови Анови, Лазарополе и на Попова Шапка, нула степени, а најмногу снег има на Попова Шапка, 35 сантиметри. Како што информира УХМР, изминатите 24 часа најмногу врнежи се регистрирани во Пожар – Радовиш, 4 литри на метар квадратен, на Попова Шапка 3, во Крива Паланка, Струмица и Охрид 2, како и во Прилеп и Маврови Анови еден литар.
Висината на снежната покривка во Маврови Анови е 16 сантиметри.
До 08:30 часот се измерени два степена во Крушево, Битола, Прилеп, Струмица, Крива Паланка и Демир Капија, 3 Штип, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, 4 Гевгелија, Претор, Велес, Скопје-Петровец, како и 5 во Тетово, Охрид и Виница.