Почина Игор Југ, осуденик за „27 април“ кој издржуваше 12-годишна затворска казна. Тој беше на прекин од издржување на казната поради влошената здравствена состојба. Југ почина на 54 години од кои осум ги помина зад решетки.

Информацијата за Курир ја потврди директорот на Управа за извршување санкции Александар Пандов.

Југ починал дома, на роденден на својата ќерка каде му се слошило и набргу потоа починал, дознаваме од извори блиски до редакцијата.

Во изминатиот период, Југ бараше слобода и повторување на постапката за „27 април“, потенцираше дека никој од осудените не е терорист ниту сторил терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Почина, но не ја дочека слободата.