Во време кога десетици случаи за тешки проневери на власта на СДСМ/ДУИ им стојат по фиоките, исто како што прашина веќе фаќаат  и сериозните наводи дека е следена опозицијата и нејзниот лидер со потесното раководство, уште посимптоматично дента кога почина Игор Југ, чија судбина ја зацрнија токму Обвинителството на Вилма Русковска и „судењето“ на Добрила Кацарска, ОЈО се занимава со случаи стари цели  12 години.

Уште „послучајно“ ОЈО така случајно токму денеска се занимаваат со проекти од Скопје 2014-та, најчестото и најкористено средство за дистракција и дефокус на сега опозициската СДСМ.

На ден кога се менува Законот за безбедност во сообраќајот со прва јавна расправа и најава на премеирот Мицкоски за потреба од преиспитување на сомнителните, благи пресуди во многу случаи како актуелниот со Фросина Кулакова, ОЈО објави дека во спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднеле Обвинителен акт против едно лице и Обвинителен предлог против четири лица инволвирани во изведбата на проектот за фасада и илуминација на зградата на Владата во 2013-та година.

Обвинителниот акт се темели на докази од кои произлегува дека обвинетиот – управител на друштво за градежништво, трговија и услуги сторил кривично дело со дејствијата што ги преземал во период од февруари до април 2013 година, свесно ги повредувајќи ги прописите за постапката за доделување на договор за јавна набавка сторил кривично дело Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство. Наводно, со намера нанеле значителна имотна штета на средствата на Буџетот на Република Македонија во износ од 184.015.304,00 денари.

Не навлегуваме во детали дали случајот не е добро истражен или веродостоен, можеби е или не, тоа ќе си утврдат и потврдат други, но моментумот на негова објава токму денеска и во време кога ОЈО и судот постојано се прозиваат од актуелната влада е повеќе од симптоматичен. Искуството вели дека секоја сличност со „вистински“ ликови и настани е неслучајна и намерна…