За време на посетата на Вашингтон, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му подари златен пејџер на американскиот претседател Доналд Трамп.
Кабинетот на израелскиот премиер објави фотографија од подарокот и рече дека пејџерот претставува „пресвртница во војната“ кога Израел изврши смртоносна операција против Хезболах во септември 2024 година во Либан и Сирија, при што загинаа десетици, а беа повредени илјадници.
Во придружната порака со златниот пејџер, тој му се заблагодарува на Трамп како негов „најголем пријател и најголем сојузник“.
Нетанјаху, исто така, му подари на Трамп и обичен пејџер.
По добивањето на подарокот, американскиот претседател коментираше: „Тоа беше одлична операција“, изјави израелски функционер за ABC News.
За возврат, Трамп му подари на Нетанјаху потпишана фотографија од нив двајца со посвета: „За Биби, големиот лидер!“, се вели во фотографијата објавена на Инстаграм од синот на Нетанјаху.
View this post on Instagram