Александар НИКОЛОСКИ

Има и уште една добра вест. За сликовито да добијат слика граѓаните за што зборуваме – ние градиме сега автопат од Охрид до Кичево, а исто така се гради и автопатот, популарно наречен Бехтел и Енка, помеѓу Тетово, Гостивар и Букојчани со што се решава превојот Стража. Тоа што недостасува е од Букојчани до Кичево.

Решивме да го изградиме и на тој начин да имаме целосно автопатско поврзување помеѓу Скопје со Охрид и Струга. Успеавме со Европската банка за обнова и развој да обезбедиме доста поволен кредит. Проценетата вредност на овој автопат е некаде околу 123 милиони евра, а тоа што мене посебно ме радува е дека успеавме да добиеме 20 милиони евра грант, или со други зборови подарок од Европската банка, што не е мала работа. Се работи за 20-тина проценти од вкупната вредност на автопатот.

Во моментов има претквалификација, очекувам во текот на пролетта или летото да се избере изведувач и на крајот на 2028 или на почетокот од 2029 година кога ќе се заврши делницата до Букојчани, да заврши и делницата Кичево – Букојчани, а до крајот на следната година ќе е готова и делницата Кичево-Охрид и на тој начин ќе имаме едно целосно поврзување и ова е прв целосно нов автопат кој го започнуваме како влада.