Во Европската Унија во моментот се случува една голема „преселба на народите“, прешалтување во кое европските НВО-а кои до вчера беа на „градите“ на УСАИД, сега бараат итна помош и средства од фондовите на ЕУ. Верувале или не, бараат Брисел да го притисне Трамп да ја смени одлуката и да продолжи да ги финансира.
Во последната таква иницијатива, дотичната The International Commission of Jurists заедно со 60 други НВО „сирачиња“ упатија јавен апел до ЕУ да ја пополни финансиската дупка која настана кај нив по Трамповото укинување на УСАИД на глобално ниво.
Бараат, ЕУ да го „потврди своето лидерство и да обезбеди континуитет во подршката на демократијата, човековите права, светско здравје и хуманитарна помош“. Нема информација дали и колку од нив се од Македонија како кандидат за ЕУ (20 години од 2005-та) или имаат свои филијали во нашата земја.
Од Брисел, се уште немало одговор дали ќе ја пополни провалијата настаната со заминувањето на УСАИД во историја…
Евра или долари, не е битно, веројатно, би им одговарале и рубљи.
Извор: Курир