Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски објави статус на на социјалните мрежи.
„Се замолува потпретседателката на СДСМ да не ја манипулира јавноста“, потенцира во објавата.
Во интервју со Васко Попетрески за „360 степени“, потпретседателката на СДСМ Фани Панова, попозната како Фани Сорос, јавно излажа дека Владата на СДСМ го потпишала Договорот за стратешко партнерство со САД.
Во својот статус додаде и слика од Вашингтон (Washington DC, 7ми мај 2008) со Кондолиза Рајс државен секретар на САД во администрацијата на Џорџ В. Буш фотографирана при потпишувањето на Договор за стартешко партнерство меѓу Македонија и САД, настан кој лично може да го потврдат сите новинари кои беа таму, меѓу нив и јас (Љупчо Цветановски).
Сликата датира од периодот кога Антонио Милошоски беше Министер за надворешни работи во Владата на Република Македонија.
Очигледно, Фани Сорос не само што не познава никого во СДСМ (самата кажа дека знае само два-тројца), туку и како потпретседател нема поим ништо за СДСМ. Познато е дека таа беше долгогодишен директор на Фондацијата на Сорос во Мaкедонија и дека имала плата од околу 3.000 евра, информации кои протекоа во јавноста при нејзиното апансас назначување за втор човек на СДСМ и заменик на Филипче, во време кога се надеваа дека ќе победи Камала Харис, но како и секогаш, ја згрешија проценката, на големо.
На социјалните мрежи веќе се шегуваат: „Кој лаже, тој краде, пари врие и на Бихаќка спие…“
Извор: Курир