По објавата дека американскиот истражител Мартин Де Лука, поранешен федерален обвинител на САД и член на тимот на претседателот Доналд Трамп, пристигна во Бања Лука за да истражи сомнително трошење на средства од УСАИД во Босна и Херцеговина, се поставува прашањето – дали Македонија е следната дестинација на американските истражители?
Според првичните информации, Де Лука истражува како биле потрошени 402 милиони долари доделени на БиХ преку различни програми, од кои 250 милиони се без јасно оправдување. Овој развој на настаните отвора дилеми дали и во другите балкански земји ќе следат слични истраги, особено во Македонија, каде што USAID и други меѓународни фондови имаат значително влијание врз граѓанското општество, медиумите и разни невладини организации.

Доколку американската администрација го прошири фокусот на Македонија, можно е да се постават прашања за тоа како биле распределени и искористени странските грантови во изминатите години. Дали ќе се откријат нерегуларности? Кои поединци и организации ќе бидат под лупа? Дали некои од тие средства завршиле во политички кампањи, коруптивни зделки или нетранспарентни проекти?
Со оглед на тоа што актуелната американска администрација, предводена од Трамп, покажува зголемен интерес за финансиските текови поврзани со меѓународната помош, ваквата истрага би можела да има сериозни импликации за многу влијателни луѓе на Балканот. Останува да се види дали Македонија ќе биде наредна на списокот и што ќе се открие доколку истражителите тропнат на врата.