По најавената интерпелација за министерот за надворешни работи Никола Димитров, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, најави дека партијата ќе поднесе интерпелација и за работата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Како што се вели во објавата на Мицкоски на Фејсбук, интерпелацијата ќе биде поднесена поради неказнетиот криминал и растечката корупција
– Нерасчистени убиства! Криминал во подем, држава со најголем раст на индексот за перцепцијата за корупција, сомнителни тендери во МВР. Тепање на сопствениот народ и политички прогон. Криминалот на луѓето од власта останува нечепнат, криминалци се пуштаат на слобода додека патриоти се затвораат. Незаконски претреси по домовите на луѓе кои протестираат. Црниот Вотергејт на Заев со кој се прислушкувало обвинителството и судството, за да се клекне на колена и уценува, е црно петно за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. И поради сето ова, и многу повеќе работи кои ќе бидат образложени во Собранието ќе поднесеме интерпелација за работата на Спасовски. Оставка поради неговото црно владеење со министерството, прогонот, неказнетиот криминал и растечката корупција, стои во објавата на Мицкоски.