Времето утрово постудено, а преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Според прогнозата на УХМР, во наредите денови продолжува периодот на топло време за овој дел од годината. Од средината на новата работна седмица ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен јужен ветер.

Најниска температура утрово е измерена во Берово – 6 степени, во Битола – 4, во Скопје-Петровец, Струмица, Демир Капија, Маврови Анови – 2, во Тетово, Велес, Гевгелија -1, во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Куманово и Претор 0, во Штип, Кавадарци, Крива Паланка и Охрид еден степен, на Попова Шапка три и во Крушево и Виница пет степени.

Снег има само на Попова Шапка каде се измерени 15 степени.

Фото: МИА