Последниот филм Мерлин Монро „Something’s Got to Give” никогаш не е завршен поради приватни проблеми на глумицата, но и поради нејзината ненадејна смрт на 5 август 1962 година.
Подоцна се појавија пробни снимки од снимањето, кои истовремено се и последни на кои можеме да ја видиме Мерлин Монро.
Таа беше една од најголемите филмски ѕвезди во педесеттите години на дваесеттиот век, а родена како Норма Џин Мортенсон во Лос Анџелес на 1 јуни 1926 година.