Јужнокорејската влада преминува во режим на целосен одговор при итни случаи бидејќи денеска стапија на сила американските царини за целиот увоз на челик и алуминиум, соопшти јужнокорејското Министерство за трговија, индустрија и енергија.
Како дел од напорите за намалување на влијанието на новите американски царини врз локалните индустрии, Министерството одржа состанок со претставници од различни деловни асоцијации, производители, научни институти и други релевантни институции за да се изготви стратегија за новите царини од 25 отсто наметнати од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
На состанокот, министерот за индустрија Ан Дук-Геун рече дека неговото министерство ќе ја зајакне комуникацијата со локалните индустрии и ќе ги засили мерките за одговор на американските царини за да ги заштити интересите на корејските компании.