Отфрламе дека било која агенција за обезбедување има врска со ВМРО-ДПМНЕ, тоа најостро го демантирам. Ве молам да не растураме пердуви во јавноста со ваков тип констатции кое што се тотално невистинити. Јас тврдам со сета своја морална, фактичка, кривична одговорност дека не постои постои агенција за обезбедување која што има некаква поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ, ПАРТИЈАТА НА КОЈА ШТО СУМ ЈАС ПРЕТСЕДАТЕЛ. Ако ми дадете еден доказ јас утре ќе поднесам оставка, ако не да се извините, бидејќи ја споменавте, тоа е прво.

Премиерот додаде дека во минатото, очигледно е дека сопствениците на локалите се чуствувале комотно, и дека неможе да ги врати годините наназад за да корегира она се што е рушено

-Второ, дали се чуствувале комотни јас тоа не знам, очигледно е дека се чуствувале комотно, но дали ќе се чуствуват комотни јас ќе повторам немам моќ за жал да го вратм времето назад, годиниве и да можам сето она што е рушено со децении и да го корегирам. Овие 8, 9 месеци се обидовме онаму каде што можевме да корегираме иу се справивме со сите предизвици со кои што можевме да се справиме, додаде Мицкоски и вети дека отсега нема да биде така.

Премиерот најави и итна промена на постојните закони кои дозволите ваква ситуација со која самите сопственици преку нотарска изјава, а не институција утврдувала дали се исполнуваат условите за работа на локалите.