Нигериската полиција соопшти дека е уаспен Умар Абдулмалик, еден од лидерите на исламистичката група Боко Харам. Тој е обвинет за напад во Абуџа во 2015 година кога загинаа 18 луѓе и беа повредени 40.

Полицијата соопшти дека освен Абдулмалик упасени се уште седум осомничени за тој напад за кој одговорност презеде Боко Харам.

Сомневањата се дека џихадистичката група е одговорна и за организирање бегство од затвор на 219 осомничени во јуни оваа година. Во судирите на Боко Харам со нигериските сили за безбедност од 2009 година досега загинаа околу 27.000 луѓе и 1,8 милиони ги напуштија домовите.