Истрагата за трагичниот пожар во Кочани се проширува со ангажирање на вкупно 11 јавни обвинители, кои интензивно работат на утврдување на причините и можната одговорност за несреќата, информираат од ОЈО.

Според планот на активностите, обвинителството најави распит на повеќе од 300 сведоци, како и спроведување на соодветни вештачења од повеќе области.

Јавниот обвинител на Македонија, Љупчо Коцевски, утринава одржа координативен состанок со тимот кој ја води истрагата, при што побара детална и ефикасна работа за да се расветли секој аспект од случајот.

Јавните обвинители преземаат активности за обезбедување докази на терен, а фокусот е на темелно истражување на сите можни правци на одговорност“, соопштија од Oбвинителството.