Еден од пациентите кои се лекуваат во странство, а се повредени во страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Иван Нисов преку видео повик се огласи и проговори за неговата состојба.
Како што вели, веќе е подобар, а состојбата му е смирена.
Истакнува дека претходно имал проблеми со дишењето, но лекарите му кажале дека внатрешно бил прочистен. Се уште треба да прима инхалации, кислород, инфузии и лекови.
Иван се надева дека наскоро ќе биде отпуштен од болницата во Полска и дека ќе може да се врати дома.