Ако млади формираме многудетно семејство тогаш ќе го изразиме нашиот патриотизам и љубовта кон државата, рече Мицкоски на роденденот на Унијата на млади сили.

„Тоа е она кое што е содржано во оние законски измени коишто ние ги имаме. Читанката, нема повеќе да биде јас, мама и тато, туку ќе биде јас, мама, тато, дада и бато. Тоа е многу важно, затоа што кога мене ќе ме прашаат кои се мерките кои вие ги носите во насока на подобра демографија, во насока на подобри и помногубројни семејства, тогаш мојот одговор е тука“, рече меѓу другото Мицкоски.

Тој додаде дека се напушта родовата политика и „сега водиме јасна полова политика, тоа е она што е создржано во законските измени за основно и средно образовние“.

„Во животот стекнуваме вредности и тие вредности понатаму ние ги пренесуваме на тие коишто нас не наследуваат, а една од тие важни вредности е и семејството. Денеска современиот патриотизам е и љубовта кон Македонија и сето она коешто е поврзано со Македонија е и иднината на Македонија како држава, но и иднината на еден од најмалку бројните народи во Европа, а тоа е македонскиот народ заедно со останатите граѓани кои што живеат денеска во Македонија, зависи токму од таа вредност, од тој столб наречен семејство. Тоа е многу важно, затоа што ако имаме многудетно семејство и доколку млади почнеме да формираме семејство, тогаш нема подобар начин да го изразиме нашиот патриотизам и љубовта кон сопствениот народ и сопствената држава“, посочи Мицкоски.

Иднината на Македонија, но и на еден од малубројните народи во Европа тоа е македонскиот народ, зависи од вредностите кои ги пренесуваме, додаде премиерот Мицкоски.