Граѓаните му дадоа црвен картон на СДСМ на изборите одземајќи им ја власта на локално и на централно ниво. За само 4 години, СДСМ „падна“ за три ипол пати, тоа е разликата на изборот на Заев и неговиот пулен Филипче. Дури и Ковачевски имаше два пати повеќе гласови. Индикатор на неодминлива пасокизација на партијата од Бихаќка. Иако партијата порача дека „ја примила пораката од народот“, со своето однесување никако не го покажува тоа, пишува во анализата Курир.

Дури и партиското членство крена раце од СДСМ, па не покажа интерес ниту за внатрепартиските избори со кои треба да избере партиски претседател.

Викендов Венко Филипче славеше пирова победа. Без ниту еден противкандидат, беше избран за прв човек на СДСМ. За него гласале 18.003 партиски членови. Партијата на Фејсбук дури и се пофали дека Филипче добил силен мандат со дури двојно повеќе гласови од минатиот пат. Така, ако мислевте дека овие 18.003 гласови се “очајни“, треба да знаете дека минатиот пат Филипче бил избран за претседател на СДСМ со мизерни 9.026 гласови!

Статистиката од минатите внатрепартиски избори говори дека партијата од Бихаќка е во слободен пад.

Во март 2021-ва година, Зоран Заев е избран за претседател на СДСМ со 59.249 гласови.

Во декември 2021-ва година, за Димитар Ковачевски да биде прв човек на партијата гласале 37.649 партиски членови.

Во април 2025-та година, Венко Филипче добива 18.003 гласови.

Слична е  ситуацијата и на парламентарните избори, каде споредбено со минатите е 2:1 со гласовите, 327.408 гласови на Парламентарните избори 2020-та со Зоран Заев и само 154.687 гласови на изборите во 2024-та со Димитар Ковачевски. За 11 месеци, сигурно се паднати уште многу илјади гласови, ценат аналитичарите. По таа аналогија, по која Заев имаше двапати повеќе гласови од Ковачевски, Филипче со актуелниот микро-рејтинг сега би освоил под 80 илјади гласови на следните Парламентарни избори. Велат, апртијците вбо редици чекаат пред вратите на Знам, а кај Левица бројот на СДС-отпадници опаднал по мега-аферата со га-га купениот простор од извршители во Центар. Сега и тие се насочиле кон Димитриевски.

Ќе ја прими ли СДСМ барем пораката од партиското членство? Оваа партија по низата катастрофи кои ѝ ги нанесе на Македонија беше казнета од целиот македонски народ кој ги испрати во политичка историја, но сега „каменот„ им дојде и одблизу, од партиското членство.