Белградски Курир објави дека албанската мафија само во изминатите 10 години испрала повеќе од 1,5 милијарди евра на црниот пазар на недвижности во Србија.

Според соговорници на весникот, албанската мафија со тоа станала „можеби и најголем играч во разработена шема за перење пари стекнати во криминал – воглавно со дрога и оружје“.

Поранешниот директор на белградската полиција Марко Ницовиќ вели за весникот дека албански мафијаши купуваат градежно земјиште, градат згради и купуваат недвижен имот во Србија и дека годишно перат меѓу 80 и 100 милиони евра.

Тоа го прават преку т.н. „српски бизнисмени“.

– Во тие трансакции по правило, никогаш не се појавува бизнисмен Албанец, туку работат преку некој, да речеме Петаr Петровиќ од Минхен кој за одреден процент служи како фасада. Посебно цел им се југ и југоисток во Србија, вели Ноцовиќ. Тој додава дека албанските наркокланови ист шаблон користат за освојување недвижности во јадранскиот регион на Хрватска и Црна Гора како и во БиХ.