Газдата на компанијата ,,Пуцко Петрол” Асмир Јахоски нуди 2 милиони евра кауција за да излезе од притвор, тврдат извори во правосудниот систем упатени во случајот.
Според изворите во четвртокот одбраната на Јахоски кој е син на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски понудила објекти со вредност од 2 милиони евра во обид судот да дозволи Асмир во предметот вреден над 160 милиони евра да се брани од слобода.
За одлуката формално утре треба да одлучат тројца судии од Кривичниот суд во Скопје кои треба да проценат дали Јахоски чие богатство се проценува на десетици милиони евра, треба да биде пуштен дома.
Тројцата судии треба да дадат соодветна правна анализа дали пет недели откако на Асмир Јахоски му беше даден затворски притвор поради опасност да избега или да влијае на сведоци, сега може да се брани од слобода.