Обемна полициска операција спроведува БЈБ при МВР на територија на повеќе градови низ Македонија насочена кон сузбивање на организиран криминал и корупција во здравствениот систем, дознава КУРИР.
Неофицијално се работи за долгогодишно незаконско со прикажување на лажни дијагнози овозможувале за аплицирање, добивање и користење на финансиска помош за туѓа нега на лице и за незаконско стекнување и користење на инвалидски пензии.
Неофицијално, се работи за мрежа составена од преку 50 лица: доктори, член на комисија во ПИОМ, адвокат, вешто лице, управител на консултантско биро), претреси се прават и во здравствени ординации, адвокатска канцеларија, службени канцеларии каде работат докторите – на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, Клиничката болница Тетово и ЈЗУ Општа болница Велес.
Министерството за внатрешни работи преку Бирото за Јавна Безбедност продолжува одлучно без задршка со решителна борба против организираниот криминал и корупцијата без да има заштитени или привилегирани, со една единствена цел изведување пред лицето на правдата на секој кој што работи незаконски, заштита на јавниот интерес, владеењето на правото и унапредување на интегритетот на институциите.
Потврда за одлучната борба се сите изминати акции кои до сега се спроведени во разни области, видови и тип на криминал (нарко мрежи и нарко групи, кримнални групи кои хараа низ Скопје и вршеле убиства, изнуди и уцени, злоупотреби на јавни тендери и незаконски богатења преку енергетскиот сектор, злоупотреби направени од страна на Царински, Полициски службеници, Затворски полицајци, случаи на примање поткупи од страна на полициски и други административни службеници, откриени и сузбиени лаборатории за фалсификувани пари и монети, сузбиени криминални групи кои работеле со трговија со луѓе и криумчарења мигранти, сузбиена група која работела со нелегално организирани игри на среќа, злоупотреби на тендери во Државна лотарија, криминална крупа која работела со фалсификувани возила, примање поткуп и злоупотреби од страна на Врховен судија и член на Совет на Јавни Обвинители…
Во сите овие случаи беа опфатени лица кои со години биле недопрени од службите задолжени за спроведивање на законот, МВР преку БЈБ досега покажува робусна, разнолична и неселективна борба против сите кои секојдневно со незаконско работење допринесувале за континуирана девастација на институционалниот систем а директно или индиректно со своите постапки ја нарушиле или срушиле довербата на македонските граѓани во целиот систем на Македонската држава.
Против 49 лица се поднесени кривични пријави за основано сомнение за сторени кривични дела: злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување, помагање, примање поткуп, давање поткуп, примање награда за противзаконито влијание и давање награда.
Во рамки на акцијата, се спроведуваат претреси на вкупно 21 локација, од кои 15 се на домашни адреси на осомничени службени лица. Во акцијата се предвидува лишување од слобода на вкупно 24 лица (со мерки ), а останатите 25 ќе бидат приведени на распит со утврдување натамошни емрки, брифираат извори за Курир.
Минати акции на БЈБ:
Сузбиена корупција на високо ниво
- Осудени Врховен суд и Јавен Обвинител од Совет на јавни обвинители поради влијание во случај поврзан со илегално производство на марихуана
- Спроведна акција во Енергетски сектор: поради злоупотреба на тендери и манипулации со јавни набавки, што резултираше со високи цени за потрошувачите и загадување на околината.
- Злоупотреба на државна лотарија: Се спроведуваат истраги за нетранспарентни трансакции, пренос на средства кон фирми со партиски поврзаности.
- Здравствен сектор: Директорот на ЈЗУ „Геријатрија“ е под истрага поради примање поткуп
- Сузбиена корупција во државни органи
- Корупција на Гранични премини: Царински и полициски службеници се под истрага за примање мито за пропуштање на нелегална стока и лица.
- Одавање на службени тајни на меѓународни картели за дрога: Спроведена е истрага и уапсени се полициски службеници кои помогнале во логистика на меѓународни нарко-картели.
- Оддавање службени тајни: Неколку случаи на полициски службеници кои незаконски доставиле доверливи информации до криминални групи.
- Корупција во Општини и урбанизам: Во Општина Маврово е регистриран случај каде раководителот на секторот за урбанизам фаворизирал приватен инвеститор во замена за материјална корист.Во други случаи пријавени се инспектори од инспекциските служби
Уапсени организирани криминални групи
- Меѓународна трговија со дрога, убиства и рекет: Сузбиени се криминални групи како „Беланоца“, „Дуќанџиќ“ и „Штекли“ — вклучени во сериозни кривични дела, со логистика преку полициски канали.
- Трговија со луѓе: Активни групи во Тетово, Гостивар и Охрид, кои организирале транспорт и експлоатација на жени, вклучително и од Јужна Америка за проституција.
- Криумчарење мигранти: Сузбиена е седум члена криминална група инволвирана во криумчарење мигранти на лица од Блискиот и Средниот Исток, во соработка со лице од Србија, при што во временскиот период додека делувала, извршиле криумчарење на поголем број мигранти низ територијата на Македонија.
- Печатница за евра во Скопје: Во меѓународна истрага откриена е нелегална печатница за евра со вмешаност на поранешни и активни полициски службеници.
- Криумчарење на возила: Сузбиена е група која вршела систематско внесување на возила без царинење и продажба на сивиот пазар.
Проценката е дека сите овие случаи се од критична важност за националната и институционалната безбедност.
За краток рок во период од 9 месеци како никогаш досега, забележана е консолидација на институциите и манифестирана е државничка свест дека Македонија нема време за губење во битката со криминалот и корупција.