И по неколку дена сè уште молк од СДС дали Филипче исто како и Заев поседува златна виза во Дубаи и на кој начин ја стекнале истата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дали Зоран Заев како инвеститор доби златна виза во Дубаи а со тоа и долгогодишен престој? Дали Заев има отворено фирма во Дубаи и дали тоа е начинот на кој за себе и фамилијата си обезбеди живот во Дубаи? Дали додека Заев гради згради од 50 спрата во Дубаи, Венко Филипче му ја чува фотелјата во СДС?  Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи? Колку милиони евра однесе Заев и Филипче во Дубаи и од каде им се средствата? Дали тоа се средства од провизии и профит стекнат на криминален начин за време на ковид кризата? Колку милиони спечалени врз грбот на народот и на штета на државната каса проневери и префрли овој тандем во Дубаи? , прашуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека јавноста заслужува одговори на овие прашања.

-Кланот Заеви во тандем со Филипче ја уништија и уназадија државата за свои лукративни причини додека го осиромашуваа народот. СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства, додаваат од владејачката партија.