Ако се работело законски уште од отворањето на дискотека „Пулс“, немаше Кочани и цела Македонија да изгуби 62 -ца млади луѓе. Корупција, незаконски дозволи, институционални пропусти и затварањето очи пред криминалот во Кочани се причините за смртоносниот пожар. Министерот за внатрешни Панче Тошковски во гостување на Алфа ја откри теоријата на случајот за кочанската дискотека. Ако се граделе како што треба темелите на браната, таа никогаш немало да пукне, па макар да имало и судар. Вака Тошковски појасни како Обвинителството и МВР темелно го градат случајот за Пулс.
Покрај истрагата, Тошковски зборуваше и за средбата со родителите на жртвите во МВР. Тој СДСМ и Левица, партиите коишто обвинуваат за селективност, ги нарече политички лешинари коишто ги злоупотребуваат родителите. Тој изрази сомнеж дека протестите што се одржаа во Скопје по повод трагедијата во Кочани биле “организирани” од страна на опозицијата и темпирани да се одржат токму на денот на интерпелацијата. Според Тошковски, протестот бил поврзан со денот кога Собранието расправаше за интерпелацијата за неговата работа, и дека дел од учесниците не знаеле дека се одржува интерпелација за министерот. Во „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“, Тошковски истакна дека таквото дејствување е обид за политички профит на сметка на трагедијата и го нарече опозицијата “политички лешинари”.
Селективност НЕМА, тврди Тошковски бидејќи досега се опфатени актуелен министер, директор, командир и градоначалник. Во време на СДСМ, за трагедиите во модуларната, Беса транс и Дурмо Турс во коишто има 75 жртви, МВР не поднело ниту една кривична пројава, против ниту еден. Ова е причината според министерот зошто опозицијата во јавноста пушта разни теории и неосновано обвинува.
Истрагата треба са финишира до 17 јуни со готово обвинение. Засега никој не знае какви докази има Обвинителство и дали истрагата ќе биде проширена со други осомничени. Министерот Тошковски информира дека дел од истрагата допрва треба да открие нови моменти и не ја исклучи можноста да се појават нови осомничени. Обвинението ќе ги содржи сите одговори, зошто, како и кој е одогворен за најголемата трагедија што и се случи на Македонија. Тошковски уверува, законот никого нема да заобиколи, без разлика од каде доаѓа и на која власт припаѓа.