Од кампот на бранителите, кои со месеци протестираат пред Собрание, реагираат тоа што Градот Скопје им ги отстрани шаторите пред Собрание. Тие велат дека нивниот камп бил уредно пријавен.
-Власта го сруши уредно пријавениот кампус на бранители. Со тоа, всушност, сама почна да се руши. Ние ќе и помогнеме побрзо да се сруши, напиша Ристо Мијаковски на Фејсбук.
Од Градот информираат дека шаторите се отстранети затоа што биле поставени илегално и дека она што е подигнато е третирано како отпад. Оттаму тврдат дека шаторите биле поставени нелегално.
Од МВР информираат дека кампот во „Жена- парк“ бил пријавен на 5 септември и само за еден ден.