Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени.
И во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Во недела и во понеделник наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во изминатите 24 часа, до 8 часот најмногу дожд наврнал во Охрид – 14 литри на метар квадратен, потоа во Битила, Кавадарци и Тополчани – по 12. Потоа следи Маврови Анови – 10, Берово – 9, Лазарополе и Попова Шапка – по 8, Штип – 7, Виница и Пожаране – по 5, Велес, Гевгелија и Тетово – по 3, Скопје-Петровец и Куманово – по 2 и по еден литар на метар квадратен во Струмица и Крива Паланка.
Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР до 8 часот. Поради локалноста на процесите, од УХМР посочуваат дека паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.