Венко Филипче и СДС молчат за трет партиски активист фатен со дрога во последните неколку месеци,истакна на денешната прес конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Во што се претвори СДС? Здружение на наркодилери и конзументи? Или нивен заштитник?

Имено пред 3 дена, Слаѓан Марковски од Гостивар, активист на СДС, е фатен со 12 пакувања кокаин и кеш. Ова е трет партијаш по Јон Фрчкоски и Андон Стојков кој за само неколку месеци е фатен со дрога.

Дали СДС и Венко Филипче ќе се откажат од Слаѓан Марковски или ќе се кријат како што се криеја за Андон Стојков?

СДС е партија која се претвори во заштитник на криминалци.

Венко Филипче има шанса и денес да се откаже од наркодилерите во неговите редови. Ако тоа не го стори, повеќе од јасно е дека нема интерес од тоа, и дека интересот се крие во нешто друго, рече Петрушевски.