Дури 80 отсто од албанските полициски службеници на возраст под 40 години сакаат да ја напуштат Албанија и да заминат во САД.Тие аплицирале на Лотаријата за американска зелена карта за 2018 година.
Податоците во писмо со барања до премиерот Еди Рама ги наведува Синдикатот на полициските работници.
– Полицајците помлади од 40 години аплицираа на американска лотарија и во јануари 2019 година очекуваат да ја напуштат Албанија за подобар живот, пишува во писмото на Синдикатот.
Во писмото уште се наведува дека главна причина за масовното аплицирање на американската лотарија од страна на младите полициски службеници и оние до 40-годишна возраст се ниските плати или како што стои, најниски плати во Европа.
Синдкатот, исто така, бара исплата на 13-та плата, како што е дефинирано во Законот за работни односи, исплата на средства за прекувремена работа за цела 2017 година, пари за храна и осигурување на живот за оние кои се повредени во текот на работното време.
Албанија е една од земјите со највисока стапка на апликации во програмата на Лотаријата на САД за иселенички визи (Зелена карта). Бројот на апликантите е во постојан раст.