Треба да го испорачаме она за што сме се договориле и веќе нема простор да се бара нешто повеќе, одговори Антонио Кошта на прашањето какви гаранции дава ЕУ за Македонија во однос на евентуални барања од Бугарија.
На ова одговори и премиерот Христијан Мицкоски.
-Кошта го пренесе ставот на ЕУ. Предлог потпишан во 2022-ра година од претходната Влада на СДСМ и ДУИ така што се суспендираше Парламентот затоа што за да се случи промена на Устав се потребни две третини. Знаете на каков начин се прифати тоа што се прифати. Нашиот став е јасен и принципиелен – ние тоа не можеме да го прифатиме без да видиме добра волја и испорака од соседната страна. Не можеме ние да менуваме Устав по којзнае кој пат, а без да имаме јасна порака и испорака од бугарската страна. Никој кај нас нема проблем како дел од преамбулата да ги вметне Хрватите, Црногорците, Словенците и останатите. Затоа што имаме принципиелен однос со тие држави. Дури ни Португалците, Шпанците, Французите. Немаме ние таков проблем, не сме таква Влада, такви граѓани или таков народ. Но имаме проблем и затоа сакаме да разговараме за да го решиме тој проблем. Ова е двонасочна улица, ако испорачува едната страна континуирано, а другата ништо тогаш нема цел, нема поента, рече Мицкоски на заедничката прес-конференција со Кошта.
Рече дека ако испшорачаат и двете страни, тогаш може да се направи договор.
-Јас очекувам процес на двонасочна улица ако е тоа возможно. Доста ние како држава направивме во името на тие европски интеграции и во името на европската иднина. Менувавме знаме, менувавме име, устав како никој до сега. Да, фрустрирачки е патот и тежок, но за нас е исклучително фрустрирачки и тежок и уште не почнал. Уште се наоѓаме онаму каде бевме пред 20 години, посочи Мицкоски.