СДС и Венко Филипче ги нема никаде. Молчат и се кријат, не кажуваат по кој основ Филипче се стекнал со златната виза за Дубаи, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Ама молчењето, криењето и бегањето од суштинските проблеми е одлика на СДС и Венко Филипче.

Последно појавување во јавноста на Филипче му беше кога, не сакајќи, му се испушти дека поседува златна виза.

Мислат дека така ќе се заборават нивните скандали.

Но наша обврска е да потсетуваме и да бараме одговори.

Затоа прашуваме, дали пред седум дена, кога според наши извори, ја напуштил државата преку граничниот премин Богородица, се упатил кон аеродромот во Солун, за од таму со златната виза да лета за Дубаи?

Исто така, дали Филипче отишол за да сретне со неговиот ментор, кому му се воодушевува и на кого му го чува местото во СДС, Зоран Заев за да ги проверат до каде се градежните активности на 50 катницата?

Криењето и молкот на Филипче, може да значат само едно, дека нашите поставени тези и прашања се вистинити.

Затоа, Филипче им должи објаснувања на македонската јавноста од каде му се парите, ако е ортак со Заев во бизнисот во Дубаи?

Дали на нелегален начин ги има заработено парите, затоа што така лесно не се заработува сума од над пола милион долари, со чиновничка плата.

За да ги демантира нашите сомнежи за бизниси во Дубаи и потеклото на златната виза, Венко Филипче и СДС не ја покажаа ниту нострифицираната диплома, која очигледно ја нема, а ниту одговорија со која болница преговарал.

Со секој изминат ден, СДС и Филипче се повеќе тонат во бездна и покажуваат дека неискреноста, манипулативноста и корупцијата, се темелите на нивното делување.

И додека СДС глумат загрижени за се и сешто во државата, истовремено во Дубаи Филипче и Заев уживаат и ги трошат украдените народни пари.

СДС и Филипче се синоним, за неспособност, криминал и корупција, стои во соопштението на партијата.