Државниот санитарен и здравствен инспекторат презема активности со цел навремена и соодветна заштита на здравјето на верниците кои заминуваат на аџилак во Саудиска Арабија, изјави д-р Кирил Лазов, директор на Републичкиот завод за здравствена заштита.

„Согласно здравствени препораки на Институт за јавно здравје на Република Македонија, коишто произлегуваат од упатствата и побарувањата на Министерството за здравство на Саудиска Арабија, сите патници и деца над едногодишна возраст, потребно е да имаат валиден вакцинален сертификат за примена вакцина против менингококна болест најдоцна 10 дена пред влегувањето во Кралството Саудиска Арабија. Сите лица по враќањето се ставаат под здравствен надзор и тоа: за колера пет дена, за Денга до максимум 10 дена. За сите овие 2.000 патници, ДСЗИ изготвува решенија за здравствен надзор, според кое сите патници, додека трае здравствениот надзор, потребно е да се јават во одделенијата за епидемиологија во Центрите за јавно здравје“, вели д-р Лазов.

Согласно меѓународните здравствени препораки, сите аџии се должни да примат соодветни вакцини, особено поради зголемениот ризик од ширење заразни болести при масовни верски собири.

Инспекторатот како надлежна институција, спроведува редовна контрола и ги координира активностите со цел навремена и соодветна здравствена заштита на патниците. Преку овие мерки се овозможува безбедно патување, но и заштита на јавното здравје по нивното враќање во земјата.