Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави нова авиолинија од Скопје до Ларнака.
-На пат кон Охрид за одбележувањето на празникот Св. Кирил и Методиј сакам да споделам информација за нова авиолинија. Од 31.10.2025 започнува новата авиолинија Скопје – Ларнака Кипар. Ова е 11-та нова линија за 10 месеци, а е резултат на политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Субвенциите и политиките на Владата за развој на авиолиниите даваат резултати. Продолжуваме да работиме на развојот на авиосообраќајот во Македонија, објави вицепремиерот Николоски.