По седум години власт на СДС и газење врз честа и достоинството, образованието го добива заслуженото внимание и приоритет од државата.
Седум години власта на СДС направи се за да го уништи образованите и да го демотивира наставниот кадар и учениците.
Седум години власт на СДС, образованието беше претворено во експериментална алатка каде се воведуваа разно разни нови програми и концепции по желба на властодршците, без да се прашаат учесниците во образовниот процес.
Во текот на учебните години ниту наставниците, ниту учениците имаа предвидливост, постојано им се наметнуваа нови обврски и задолженија кои беа неспроведливи во пракса.
Просветниот кадар го доведоа во состојба на штрајк, а нивните барања за зголемување на платите владата на СДС не ги послуша. Им кажа дека пари за зголемување на платите на наставните и професорите нема, додека политичката елита на СДС се богатеше.
Помина времето на власт на СДС кога образованието беше алатка за поткусурување и експериментално поле за исполнување на некои лични хирови, како тие на Мила Царовска, која програмата од неговата невладина организација сакаше да ја имплементира во македонското образование.
Сега, просветните работници го добиваат заслуженото.
Со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, просветните работници го добиваат заслуженото за својот вложен труд во образување на новите генерации.
Се постигна историски договор за зголемување на платите на сите вработени во образовниот сектор. До сега, платите на просветните работници, на наставниците и професорите се зголемија за 12%, од кои 5% во октомври и 7% со исплата на платите во март.
Целта на Владата е да обезбеди долгорочна економска сигурност на вработените во училиштата и затоа се планира да се продолжи со растот на платите, така што до крајот на мандатот, во зависност од економската состојба, тие ќе пораснат од најмалку 46 до 60 отсто.
После повеќе од 20 години, се донесоа измени на Законот за средно образование, со кој првпат се воведува кариерно советување, кариерен советник и координатор за практично образование, дигитални вештини, квалификации стекнати по завршување на средното образование.