Белата куќа за денеска закажа телефонски разговор меѓу претседателот Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск по нивниот вчерашен конфликт, пренесува Политико.

Разговорот може да ги ублажи тензиите по размената на навреди, главно преку социјалните мрежи – Икс (во сопственост на Маск) и Трут Соушл (во сопственост на Трамп).

Маск вчера сугерираше дека Трамп не би победил на изборите без него, спомена дека името на Трамп се појавува во досиејата за Џефри Епстајн и повика на негово отповикување. Трамп возврати, обвинувајќи го Маск дека „полудел“ и побара укинување на државната помош за неговите компании.

Акциите на Тесла вчера паднаа за 14%, или 150 милијарди долари од пазарната вредност, што е најголем дневен пад во историјата на компанијата. Маск финансираше голем дел од кампањата на Трамп, а потоа стана негов советник и предводник на агенцијата DOGE за намалување на трошоците во јавниот сектор. Спорот започна откако Маск го критикуваше републиканскиот закон за даноци, тврдејќи дека ќе го зголеми долгот на САД.