Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 10 до 37 степени.

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе биде во интервал од 16 до 37 степени.

Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени. Кон средината на неделата ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.