Денешното апсење на Александар Нацев е доказ дека правда има, и таа важи за сите, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Секој кој има било каква инволвираност со трагедијата во Кочани ќе излезе пред институциите, без разлика дали е член на ВМРО-ДПМНЕ, СДС, ДУИ или која било друга политичка партија. Истовремено ги повикуваме СДС да запрат со прекиот суд, кој секој ден го прават, и растураат пердуви без воопшто да има докази за некој. Институциите во случајот Кочани работат посветено и одговорно. За првпат во историјата на државата одговорност има за сите“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.