Демократската унија за интеграција јавно ги осудува дискриминаторските практики при вработувањето во Центарот за управување со кризи, каде на последниот конкурс се примени 12 Македонци и само 3 Албанци. Оваа институција се води од директор со албанска етничка припадност, но, очигледно, со лојалност кон политиките на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова се истакнува во соопштението на ДУИ, која две децении ги полнеше државните институции со свои кадри за кои немаше ни простории и со години земаа плата без работа. Во продолжение целото соопштение:
Ситуацијата е алармантна. За Албанците нема значење ако раководителот е само Албанец по име, но не и по дела. Кога менаџментот служи како етничка декорација за да се прикрие систематското доминирање на една етничка група во институциите, тоа веќе не е јавно раководење, туку извршување на политички наредби спротивни на јавниот интерес и етничката рамноправност.
ДУИ нема да молчи пред оваа политичка хипокризија, каде во име на „албанско претставување“, се прават валкани зделки за власт, а Албанците продолжуваат да бидат дискриминирани, дури и во институции што „формално“ се водат од Албанци, но во суштина ја газат рамноправноста и мултиетничкиот карактер на државата.
Ја потсетуваме јавноста: духот на Охридскиот договор не се исполнува со декоративни Албанци на раководни позиции, кои ги спроведуваат одлуките на антиалбански центри на моќ.
ДУИ нема да дозволи албанското претставување да се сведе на имиња и функции, додека резултатите се исклучување и политичка послушност.
Албанците не бараат милост, туку вистинска еднаквост. И ДУИ ќе биде и остане нивниот глас без компромис.
ДУИ