Во моментов во Кривичниот суд адвокатот на првоосомничениот Љупчо Палевски ги чита завршните зборови со кои се спротивставува на обвинението за двојното убиство и киднапирањата на Вања и Панче.

Од Судот побара да го ослободи Палевски бидејќи немало докази дека тој учествувал, соработувал и потикнувал во грозоморниот чин, со тоа целата вина ја префрли кон неговите сопартијци од Десна, Манев, Кешишев, Видевски. Адвокатот Јовица Страшевски рече дека во текот на постапката било прекршено начелото на еднаквост на оружјата и тоа ќе биде основа за идните жалби пред повисоките судови и мњѓународниот суд за човекови права.

Страшевски тведи дека ОЈО нема никаква трага и доказ против Палевски а тоа веќе го знае и јавноста, вели Страшевски. Денешното рочиште треба да биде последно пред објавување на пресудата.