СДС и Филипче продолжуваат да работат во интерес на нивниот вистински лидер Заев, откако кандидати за градоначалници станаа децата на Заев, кои во негово време беа трет и четврт ешалон во партијата. СДС и Филипче слепо го слушаат нивниот ментор и сè уште тој им ја води партијата и си става луѓе на позиции кои него му одговараат за да има контрола врз нив, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со овие кандидати за градоначалници, Заев покажува дека СДС и Филипче ги спроведуваат неговите политики, а тоа се неспособност, предавство и криминал. Овие луѓе кои се најдоа како кандидати на СДС, во своите општини, ниту се познати, ниту имаа некаков авторитет, ама затоа му слугуваат на Заев и работат за него. Оние коишто беа градоначалници до сега, и сега повторно се предложени, сите знаеме дека во тие општини нема никаков просперитет, туку општините се уназадени, упропастени и уништени. Такви луѓе СДС става за кандидати за градоначалници, се наведува во партиското соопштение.

„Ликови кои тепаат административни службеници, луѓе кои се познати по скандали поврзани со криминал и корупција, луѓе кои одат по стапките на Заев. Од тие луѓе, градоначалници не бидува.

СДС мора да се реформира. СДС е на чекор на исчезнување, а тоа се гледа и по кандидатите кои губат во своите општини, некаде 3 спрема 1, некаде 4 или 5 спрема 1.

ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари убедлива победа на овие избори“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.