Неколку републикански членови на американскиот Конгрес повторно покренаа иницијатива за доделување на Нобеловата награда за мир на актуелниот претседател Доналд Трамп, наведувајќи ја неговата наводна клучна улога во посредувањето за прекин на огнот меѓу Израел и Иран, пишува денес американскиот NBC News.

Конгресменот Бади Картер од Џорџија утрово објави на социјалната мрежа X дека официјално го номинирал Трамп за Нобелова награда за мир, велејќи дека сака да ја признае неговата историска улога во постигнувањето прекин на огнот и спречувањето на најголемиот спонзор на тероризмот во светот да го добие најсмртоносното оружје на планетата.

МААЕ регистрира нови штети врз иранските нуклеарни постројки.

Сенаторката Кејти Бојд Брит од Алабама, исто така, изјави на платформата X дека Трамп ја заслужува Нобеловата награда за мир за историските договори што ги постигнал на Блискиот Исток и низ целиот свет.

Конгресменот Дарел Иса од Калифорнија потсети дека го номинирал Трамп за Нобелова награда за мир уште во март оваа година.

NBC News, повикувајќи се на висок функционер на Белата куќа, известува дека Трамп навистина бил вклучен во процесот што довел до најновото примирје меѓу Израел и Иран, но деталите за неговата улога не се официјално потврдени.
Американски генерал: Хутите ќе бидат постојан проблем за САД

Во историјата, четири американски претседатели ја добиле Нобеловата награда за мир: Теодор Рузвелт, Вудро Вилсон, Џими Картер и Барак Обама.